Утре (вторник) во 18:45 часот во салата “Боро Чурлевски” во Битола ќе се одигра вториот осминафинален натпревар помеѓу Еурофарм Пелистер и Нексе во Лигата на Европа.
Од клубот најавија дека пред натпреварот од 17:00 часот па се до почетокот на натпреварот ќе биде отворена фан зоната во просториите на салата “Боро Чурлевски”.
“Еурофарм Пелистер ве повикува во својата фанзона пред почетокот на реванш осминафиналниот натпревар со Нексе која ќе започне од 17:00 часот”, – изјавија од Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷