Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија од екипата на Нексе со минимални 21-22 на домашен терен во вториот осминафинален дуел од Лигата на Европа.
Во првото полувреме двете екипи одиграа добро, и двете екипи заминаа со нерешен резултат од 11-11 на полувреме. Во вториот дел екипата на Нексе го презеде водството, Еурофарм Пелистер се обидуваше да се врати но не успеа и мораше да се задоволи со пораз.
Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Стипе Мандалиниќ со шест погодоци, додека кај екипата на Нексе најефикасен беше Јелиниќ со пет погодоци.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷