Екипите на Металург и Куманово си ги поделија бодовите во Автокоманда, откако натпреварот заврши со нерешен резултат со 22-22.
Во првото полувреме Куманово го презеде водството, и на полувреме замина со предност од 14-11. Во вториот дел Металург успеа да се врати за на крај двете екипи си ги поделат бодовите.
Најефикасна во екипата на Металург беше Ивана Арсениевска со десет погодоци, додека кај екипата на Куманово најефикасна беше Алмеида Коста Андреза со 12 погодоци.
(фото-ЖРК Металург)📷