Ракометарите на Прилеп ја остварија првата победа во плеј-аутот во Супер лигата, откако ја совладаа Струга на гостински терен со 26-28.
Прилеп од почетокот на натпреварот беше во водство, па на полувреме замина со предност од 15-17. Во вториот дел Прилеп го сочува водството до крај и да оствари победа кај Струга.
Најефикасен во составот на Прилеп беше Давор Шокоски со осум погодоци, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Петар Маркоски со пет погодоци.
(фото-Рк Прилеп)📷