Ракометарите на Преспа 2015 забележаа победа против екипата на Македонија Ѓорче Петров со убедливи 27-17 во плеј-аутот во Првата лига.
Преспа 2015 го презеде водството и на пауза замина со предност од 12-9. Во вториот дел од натпреварот продолжи добрата игра на Преспа 2015 за на крај да слави убедлива победа против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасен во екипата на Преспа 2015 беше Андреј Божиновски со седум погодоци, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Макисмилијан Ѓиноски со шест погодоци.
(фото-Рк Преспа 2015)📷