Познати се полуфиналните двојки на Ф4 во Лигата на Европа во женска конкуренција.
Ф4 во Лигата на Европа ќе се одржи во Данска, а домаќин ќе биде екипата на Виборг. На Ф4 покрај Виборг ќе играат и романскиот тим Баја Маре, германскиот Битигхајм и данскиот Хернинг Икаст.
Полуфиналните натпревари ќе се играат на 14 мај, додека мечот за третото место и финалетo ќе се одиграат на 15 мај.
Лига на Европа (жени) Ф4 полуфинале:
Виборг – Баја Маре
Хернинг Икаст – Битигхајм

(фото-ЕХФ)📷