Порто се засили со шпанецот Игнасио Плаза

Екипата на Порто од Португалија се засили со шпанецот Игнасио Плаза кој има 28 години и доаѓа од екипата на АЕК од Грција.

Игнасио Плаза игра на позицијата пивот и три сезони го носеше дресот на АЕК, освен за грчкиот тим има настапувано и за Магдебург, Фуксе Берлин и Атлетико Мадрид.

„Тоа е огромен клуб со неверојатна историја и јас сум привилегиран што сега сум дел од него. Возбуден сум што ќе ја започнам оваа нова авантура, сакам да им се придружам на моите колеги и да се фатам за работа. Тоа е клуб кој бара многу и ќе дадам се од себе да се борам за сите натпреварувања“, – изјави Игнасио Плаза.

(фото-Рк Порто)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести