Билетите за Македонија и Чешка се распродадени!

Машката сениорска репрезентација на Македонија утре ќе го одигра вториот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во 2023 година против селекцијата на Чешка.

Првиот натпревар заврши нерешено со 24-24, со победа Македонија ќе се пласира на Светското првенство во 2023 година.

Од РФМ изјавија дека билети за овој натпревар нема и цела сала е распродадена.

Почитувани ,

Ве известуваме дека влезниците за квалификацискиот натпревар (17.04.2022 – недела) во 19 ч. во Спортски Центар Борис Трајковски, за пласман на СП 2023 POL/SWE помеѓу македонската сениорска репрезентација и репрезентацијата на Чешка се распродадени и воедно Ви благодариме на интересот и подршката. Бидете информирани на денот на натпреварот вратите од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 17:30 до 18:35 часот, натпреварот започнува во 19:00 часот. Ги замолуваме сите љубители на ракометот кои имаат обезбедено влезници за претстојниот натпревар, да дојдат навремено и заеднички да дадеме максимална поддршка на македонската ракометна репрезентација”, стои во соопштението од РФМ.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.