Екипата на Астибо забележа победа на гостувањето во Битола кај екипата на Феникс АМС со конечни 25-28 во плеј-аутот во Супер лигата.
Феникс водеше во првото полувреме, но екипата на Астибо направи пресврт и на пауза замина со предност од 13-16. Во второто полувреме Астибо го сочува водството за на крај да слави победа против Феникс АМС.
Најефикасна во екипата на Астибо беше Марија Анчева со 12 погодоци, додека кај екипата на Феникс АМС најефикасна беше Ана Марија Талева исто така со 12 погодоци.
(фото-ЖРК Астибо)📷