Екипата на Вучитрн од Косово, која е предводена од македонскиот тренер Андон Бошковски го освои пехарот во Првата лига на Косово и се врати во најквалитетното косовско натпреварување.
Вучитрн во последното коло славеше убедлива победа против Призрен со 39-23 и обезбеди пласман во косовската ракометна елита.
Екипата на Андон Бошковски во Првата лига беше без пораз.
(фото-Рк Вучитрн)📷