Ракометарите на Текстилец славеа на гостувањето кај екипата на Борец со конечни 30-33 во плеј-аутот во Првата лига.
Во првото полувреме Борец имаше контрола на резултатот и на полувреме замина со предност од 16-14. Во второто полувреме Текстилец успеа да се врати и да слави победа во Велес.
Најефикасен во екипата на Текстилец беше Васе Петров со 12 погодоци, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Филип Сиљанов со девет погодоци.
(фото-Рк Текстилец)📷








