Данскиот тим Алборг го продолжи договорот со тренерот Стефан Мадсен до 2025 година.
Стефан Мадсен го презеде тимот на Алборг во 2018 година, и со него тимот освои три шампионски титули во Данска, два трофеи во Купот на Данска, три трофеи во Суперкупот на Данска, и стигна во финалето во Лигата на шампионите.
„Моето семејство и јас се чувствуваме среќно овде во Алборг. Не можам да го сторам тоа сам и мислам дека констелацијата што ја изградивме околу тимот е целосно оптимална за нашите постојани високи амбиции и цели за иднината“, – вели Стефан Мадсен.


(фото – Рк Алборг)📷