Европски Куп (мажи) полуфинале: Баја Маре славеше против Алингсас, Драмен го совлада Нербо

Се одиграа полуфиналните двојки во машкиот Европски Куп. Во првото полуфинале екипата на Баја Маре славеше против Алингсас со 34-28.

Најефикасен кај екипата на Баја Маре беше Стеван Вујовиќ со девет погодоци, додека кај екипата на Алингсас најефикасен беше Крстофер Тор со осум погодоци.

Во второто полуфинале составот на Драмен го совлада тимот на Нербо со 30-27. Кај екипата на Драмен најдобар стрелец беше Виктор Норберг со девет погодоци, додека кај екипата на Нербо најдобар стрелец беше Расин Хаугсенг со шест погодоци.

(фото – ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести