Јосип Божиќ Павлетиќ потпиша за француски Трембле

Десното крило на Еурофарм Пелистер, Јосип Божиќ Павлетиќ од следната сезона си заминува од битолскиот тим и се сели во Франција.

Јосип Божиќ Павлетиќ кој има 27 години потпиша договор со францускиот тим Трембле кој настапува во втората лига во Франција. Тој и клубот потпишаа договор до 2024 година.

Хрватот освен за Еурофарм Пелистер настапуваше и за Гепинген, Нексе Нашице и ППД Загреб.

(фото-Рк Трембле)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.