Фан-зона во недела пред дербито Еурофарм Пелистер и Вардар 1961

Фан зона во недела 01 мај 2022 година во 14:00 часот пред платото на Офицерски Дом во Битола, фан зоната е по повод дербито помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.

“ФАН-ЗОНА на Рк Еурофарм Пелистер – спонзорирана од Златен Даб. Недела, 1 мај (14:00 часот) – плато на Офицерски дом – Битола. Организаторите Рк Еурофарм Пелистер, Општина Битола и ЈОУ Културен и информативен центар Битола подготвуваат голем ракометен хепенинг и отворена фан-зона, вкусна храна и ладно пиво, забавно музичка програма и настапи во живо, продажба на дресови, шалови и останати производи со заштитниот знак на клубот, наградна игра и забавно катче за најмладите, заедничко следење на натпреварот на видео-бим”, – изјавија од екипата на Еурофарм Пелистер.

Натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 се игра во недела на 1 мај во 19:00 часот во Битола.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести