Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа победа на гостувањето во Кавадарци кај екипата на Тиквеш со конечни 26-32.
Во првото полувреме Тиквеш имаше предност, и на пауза замина со минимални 16-15. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер успеа да се врати и да оствари победа против Тиквеш.
Најефикасен во екипата на Тиквеш 2014 беше Стефан Трпчевски со шест погодоци, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Јосип Божиќ Павлетиќ со 13 погодоци.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷