Вардар 1961 забележа победа против Охрид

Екипата на Вардар 1961 оствари победа против составот на Охрид со конечни 21-28 во плеј-офот во Супер лигата.

Вардар добро го започна натпреварот и на полувреме имаше предност од 11-16. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Вардар за на крај да оствари победа против Охрид.

Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Куни Моралес со седум погодоци, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Филип Кривокапиќ со шест погодоци.

(фото-Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.