Екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш одиграа нерешено во плеј-офот во Супер лигата со конечни 25-25.
Резултатот на полувреме беше 11-11. Во второто полувреме се играше гол за гол, па така двете екипи си ги поделија бодовите.
Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Филип Арсеновски со седум погодоци, додека кај екипата на Тиквеш 2014 најефикасен беше Страхиња Симиќ со девет погодоци.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷