Прилеп поуспешен од Скопје 2020

Ракометарите на Прилеп остварија победа на домашен терен против Скопје 2020 со конечни 29-25 во плеј-аутот во Супер лигата.

Екипата на Прилеп имаше водство во првото полувреме и тоа водство го сочува до крај и да забележи победа против Скопје 2020.

Најефикасен во екипата на Прилеп беше Реваз Чантурија со шест погодоци, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Марио Мишевски со девет погодоци.

(фото-Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.