Македонскиот репрезентативец се врати во Македонија и потпиша за екипата на Тинекс Пролет.
Томислав Јагуриновски настапува на позицијата десен бек. Јагуриновски доаѓа во Тинекс Пролет од редовите на исландскиот клуб Тор Акурејри, каде настапуваше во одлична форма под водство на тренерот Стевче Алушовски. Репрезентативецот, кој претходно во кариерата ги бранеше и боите на Металург и на Вардар, од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на Тинекс Пролет.
„Презадоволни сме што успеавме да го договориме трансферот на Јагуриновски, македонски репрезентативец со кого ги потврдуваме амбициите за враќање во борбата за висок пласман за наредната сезона. Не се сомневаме дека тој ќе внесе дополнителен квалитет во нашата игра, но и енергија на теренот, нешто што го краси Јагуриновски низ неговата кариера“, изјави директорот на Рк Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

(фото-Рк Тинекс Пролет)📷