Во Полска претставени маскотата и трофејот за Светското првенство во 2023 година

Во Полска претставени се маскотата “црвена верверица” и трофејот за Светското првенство во 2023 година во машка конкуренција што ќе се одржи во Полска и Шведска.

Маскотата за овој настан е “црвена верверица” и облечена е во брендиран темносин дрес, бели шорцеви и сини патики. На себе носи број 23. Името на маскотата е “Пакс”.

Ова ќе биде 28. Светско првенство и ќе се одржи од 11 до 29 јануари на кои ќе учествуваат 32 репрезентации.

(фото-Ракометна Федерација на Полска)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.