Куманово со важна победа против Работнички во плеј-офот во Првата лига

Екипата на Куманово забележа победа на гостувањето кај екипата на Работнички со конечни 23-32 во плеј-офот во Првата лига.

Кумановци на полувреме имаа високо водство од 9-18. Во второто полувреме Куманово ја зголеми разликата за на крај да слави убедлива победа против Работнички.

Најефикасен кај екипата на Куманово беше Влатко Тасевски со десет погодоци, додека кај екипата на Работнички најефикасен беше Давид Димевски со седум погодоци.

(фото-МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.