Екипата на Бутел Скопје оствари победа против Тиквеш 2014 со минимални 27-28 во плеј-офот во Супер лигата.
Тиквеш на полувреме имаше водство од минимални 14-13. Во вториот дел Бутел Скопје направи пресврт и дојде до победа на гостувањето во Кавадарци.
Најефикасен во екипата на Бутел Скопје беше Мирко Мајиќ со осум погодоци, додека кај екипата на Тиквеш 2014 најефикасен беше Страхиња Симиќ исто така со осум погодоци.
(фото-Рк Бутел Скопје)📷