Екипата на Аеродром забележа сигурна победа на гостувањето кај составот на Драчево во плеј-офот во Првата лига.
Во првото полувреме беше неизвесно и драматично, но сепак екипата на Аеродром успеа на полувреме да замине со предност од 12-13. Во второто полувреме Аеродром направи добра разлика која ја сочува до крај за победа против Драчево.
Најдобар кај екипата на Аеродром беше Бојан Николовски со девет погодоци, додека кај екипата на Драчево најдобар беше Димитар Петковски со девет погодоци.
(фото-Рк Аеродром)📷