Шампион до победа против Кичево 2020

Тимот на Шампион оствари победа на домашен терен против составот на Кичево 2020 со 31-27 во плеј-аутот во Првата лига.

Во првото полувреме беше неизвесно и драматично, но екипата на Шампион замина на полувреме со предност од 13-12. Во второто полувреме Шампион без проблеми успеа да го преземи водството и да забележи победа против Кичево 2020.

Најефикасен во тимот на Шампион беше Александар Велјановски со 11 погодоци, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Јаковлески со шест погодоци.

(фото-Рк Шампион)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести