Екипата на Куманово забележа победа против Вардар со минимални 25-26 во плеј-офот во Супер лигата.
Куманово имаше водство на полувреме од 11-14. Во второто полувреме беше неизвесно и драматично се до завршницата, но составот на Куманово успеа да слави против Вардар.
Најефикасна во екипата на Куманово беше Јована Кипријановска со осум погодоци, додека кај екипата на Вардар најефикасна беше Ивона Трпевска со шест погодоци.
(фото-ЖРК Куманово)📷