Ракометарите на Вардар 1961 за противник во полуфиналето на Ф4 во Купот на натпреварот ќе го имаат тимот на Еурофарм Пелистер 2.
Тренерот Давид Дејвис во изјава даде дека сака со екипата на Вардар 1961 титула во Купот на Македонија.
„Имаме ист притисок како и во натпреварите во лигата. Вардар секогаш победувал и играл на победа. Ние го сакаме и трофејот од купот, подготвени сме. Одбрана секој ден играме добро, и тренираме напорно. Купот е друго натпреварување, нема поправен. Има само еден натпревар и треба да се биде максимално спремен. Имавме цела недела за тренирање. Игравме веќе со Еурофарм Пелистер 2, но добро е што можеме и да продолжиме да тренираме пред овие натпревари и да подобриме нешто во играта. Играње на неутрален терен секако е поразлично. Не секогаш во Купот победува тој што е фаворит. Затоа и треба да се биде внимателен, концентриран..Сакам да играме финале во недела, не е важно против кого ќе играме“, – изјави тренерот Давид Дејвис.
Екипата на Вардар 1961 има 14 Куп титули досега освоени, вклучувајќи ја и ланската.
(фото-Рк Вардар 1961)📷