Ракометарите на Веспрем славеа против Алборг со конечни 36-29 во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Најефикасен во составот на Веспрем беше Гашпер Маргуч со седум гола, додека кај екипата на Алборг најефикасен беше Јул Ласен со шест гола.
Составот на Киелце триумфираше на гостувањето кај екипата на Монпелје со резултат 28-31 во првиот натпревар од четвртфиналето во машката Лига на шампиони.
Најефикасен во составот на Киелце беше Алекс Душебаев со седум гола, додека кај екипата на Монпелје најефикасен беше Уго Деска со пет гола.
(фото-ЕХФ)📷