Данило Брестовац стана шампион со Ал Мадар и се раздели со тимот

Поранешниот селектор на Македонија Данило Брестовац со Ал Мадар од Саудиска Арабија стана шампион и го оствари најголемиот успех во тренерската кариера.

Данило Брестовац и Ал Мадар ја прекинаја соработката, оваа вест беше потврдена од клубот на социјалните мрежи.

„Договорот со Данило Брестовац е раскинат, а нашиот тим во понатаму ќе го води капитенот Хасан Ал-Џанаби. На Брестовац му посакуваме успех во иднина“, стои во соопштението на Ал Мадар.

Данило Брестовац го освои Супер Купот и стана шампион на Саудиска Арабија со екипата на Ал Мадар. 

(фото-Рк Ал Мадар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.