Екс ракометар на Металург го засили финскиот Кокс

Поранешниот ракометар на Металург и повремениот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Игор Мандиќ од следната сезона ќе го засили финскиот тим Кокс.

Игор Мандиќ со екипата на Рихимаки Кокс потпиша договор на една сезона со можност за продолжување на истиот договор на уште една сезона.

Мандиќ настапува на позицијата лев бек, во Металург настапуваше сезоната 2012/13 и 2013/14. Тој има настапувано и за Борац од Бања Лука, Лимож и Селеста.

(фото-Рк Рихимаки Кокс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.