Екипата на Еурофарм Пелистер го совладаа тимот на Бутел Скопје со 25-21 и се пласираа во финалето во Купот на Македонија.
Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот доминираше на теренот, на пауза битолчани имаа предност од 16-9. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер го сочува водството до крај за победа над Бутел Скопје.
Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Јосип Божиќ Павлетиќ со шест гола, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Марко Митев со пет гола.
(фото-РФМ)📷