Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет забележаа победа на гостувањето кај екипата на Феникс АМС со 24-29 во натпревар од 12. коло од плеј-аутот во Супер лигата.
Гостинките од Свети Николе имаа водство на полувреме од 10-16. Во второто полувреме Овче Поле Славјански Универзитет ја заверија победата против Феникс АМС.
Најефикасна во екипата на Овче Поле Славјански Универзитет беше Елена Вучевска со девет погодоци, додека кај екипата на Феникс АМС најефикасна беше Емилијана Ризоска со десет погодоци.
(фото-ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷