Кадетската репрезентација на Македонија и кадетската екипа на Бутел Скопје одиграа пријателски натпревар во чест на прерано починатиот ракометар Марко Божиновски.
Марко Божиновски беше член на Бутел Скопје и настапуваше за кадетската репрезентација. Кадетската репрезентација беше подобра од кадетите на Бутел Скопје со 33-19.
Најдобар кај кадетската репрезентација беше Александар Петковски со седум погодоци, додека кај кадетите на Бутел Скопје најефикасен беше Петар Цветковски со пет погодоци.

Пред почетокот на ревијалниот натпревар претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, им подари специјален дрес на родителите на прерано починатиот ракометар на Бутел Скопје, Марко Божиновски.

(фото-РФМ)📷