На 7-ми мај се одржа турнирот “5-ка за ракомет” кој беше организиран од страна на Ракометна Школа Седмерец од Охрид.
Турнирот се одржа втор пат по ред. Учествуваа четири екипи: Ракометна школа Седмерец од Охрид, Рк Илинден од Скопје, Рк Преспа Ресен, Рк Handball school Струга. Организатор е Ракометна школа Седмерец, а покровител на турнирот е Општина Охрид.
На турнирот учествуваа мешани состави, машки и девојчиња, генерација 2009/2010. Во финале играа екипите на Р.Ш. Седмерец Охрид и Рк Илинден од Скопје. Победник на овој турнир беше екипата на Ракометната Школа Седмерец од Охрид.
“Се надеваме дека другата година ракометниот турнир ќе биде проширен со повеќе учесници и тоа надвор од нашата држава”, – изјавија од Ракометна Школа Седмерец – Охрид.
(фото – Ракометна Школа Седмерец Охрид)📷