Поранешниот ракометар на Вардар 1961, Анте Кудуз потврди дека ќе заигра за Романија, а не за Хрватска.
Тој во интервју за „Глас Славоније“ потврди дека можно е да заигра за Романија и да добие романско државјанство.
“Да, постои можност. Одлуката е веќе донесена. Ќе играм за Романија. Мојата најголема желба беше да играм за Хрватска на големи натпреварувања. Од една страна, жал ми е што ова остана неостварена желба. Од друга страна е фактот што не ја добив вистинската прилика, така што од таа страна нема за што да жалам. Ја почитувам сечија одлука, но во овие три години секако имаше да добијам уште неколку можности”, – изјави Анте Кудуз.
(фото-Рк Вардар 1961)📷