Јуниор Кисела Вода победнички кај Јехона

Екипата на Јуниор Кисела Вода забележа убедлива победа против Јехона со 26-42 во плеј-офот во Првата лига.

Во првото полувреме Јуниор Кисела Вода го имаше водството, на пауза замина со предност од 13-16. Во второто полувреме Јуниор Кисела Вода продолжи со водството, за на крај да забележи победа против Јехона.

Најефикасен во екипата на Јуниор Кисела Вода беше Филип Димевски со осум погодоци, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Алтин Селмани со седум погодоци.

(фото-Рк Јуниор Кисела Вода)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.