Екипата на Радовиш забележа победа на гостувањето кај екипата на Скопје 2020 со конечни 25-29 во плеј-аутот во Супер лигата.
Во првото полувреме беше неизвесно, па така двете екипи на полувреме заминаа со нерешени 14-14. Во второто полувреме Радовиш успеа да го преземи водството и на крај да забележи победа против Скопје 2020.
Најефикасен во екипата на Радовиш беше Здравко Постолов со осум погодоци, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Леонид Киселовски со 12 погодоци.
(фото-Рк Радовиш)📷