Ракометарите на Прилеп забележаа победа против Струга со 33-31 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.
Прилеп имаше контрола на резултатот, на полувреме замина со предност од 18-15. Во второто полувреме Прилеп стигна до конечен триумф против Струга и изби на второто место на табелата.
Најефикасен во составот на Прилеп беше Хари Павлов со осум погодоци, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Жарко Барјактаревиќ со девет погодоци.
(фото-Рк Прилеп)📷