Русинот Павел Андреев е нов ракометар на Вардар

Екипата на Вардар 1961 се засили со русинот Павел Андреев (194 см. / 96 кг.) кој доаѓа од тимот на Чеховски Медведи.

Андреев кој има 29 години од 2006 година е дел од тимот на повеќекратниот шампион на Русија, а од 2014 игра во првиот тим. Зад себе има и настапи за репрезентацијата на Русија на последните две големи натпреварувања на кои настапи неговата репрезентација, на ЕП 2020 и на СП 2021.

Со ангажирањето на Андреев одбраната на Вардар треба да биде подеднакво цврста како и досега, и тоа е играч што настапува во два правци, и во напад и во одбрана.

Во сезоната 2019/20 беше избран за најдобар дефанзивец во руската Суперлига, а со Чеховски Медведи досега има освоено 7 шампионски титули, 4 во Купот на Русија и 7 во Суперкупот.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести