Куни Моралес го продолжи договорот со Вардар

Десниот бек Куни Моралес го продолжи договорот со Вардар 1961 и ќе игра во „црвено-црниот“ дрес и следната сезона.

Кубанскиот интернационалец стана миленик на публиката и важен дел во тимот, и со своите игри го потврди квалитетот што го поседува.

Леворакиот бек имаше одлични партии во дресот на македонскиот првак и освојувачот на двојната круна. Моралес и во иднина ќе ги „кине“ ривалските мрежи, не само во домашното првенство туку и во Лигата на шампионите.

Сезонава Моралес постигна 36 гола на 12 натпревари во лигата на шампионите, а во домашното првенство постигна 86 гола во регуларниот дел и во плејофот. Неговите голови беа и дел од Топ-5 голови на колото во лигата на шампионите и во СЕХА лигата.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести