Екипата на Ѓорче Петров го совлада тимот на Металург со 25-19 во последното коло од плеј-офот од Женската Супер лига и стана нов шампион на Македонија.
На полувреме Ѓорче Петров имаше предност од 15-9. Во второто полувреме Ѓорче Петров ја завери победата против Металург.
Најефикасна во екипата на Ѓорче Петров беше Симона Стојановска со осум погодоци, додека кај екипата на Металург најефикасна беше Мила Трајковиќ со шест погодоци.
Наследникот на Кометал Ѓорче Петров го освои првиот трофеј под новото име (Ѓорче Петров), или вкупно 18. трофеј во својата клупска историја. Ѓорче Петров ја освои првата титула на домашна сцена по пауза од 13 години, кога последната беше освоена во 2009 година.

(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷