Ракометарките на Куманово забележаа убедлива победа против Деспина со високи 19-30 во плеј-офот во Супер лигата.
На овој натпревар екипата на Куманово ја оправда фаворитската улога која ја имаше од почетокот на натпреварот.
Најефикасна во екипата на Куманово беше Јована Кипријановска со седум погодоци, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Михаела Петреска со шест погодоци.
(фото-ЖРК Куманово)📷