Екипата на Вајперс Кристиансанд го совлада тимот на Мец со 33-27 и ќе игра финале против Ѓер во Лигата на шампионите.
Тимот на Мец на полувреме имаше минимална предност од 15-14. Во второто полувреме Вајперс Кристиансанд успеа да направи пресврт и да дојде до победа против Мец.
Најефикасна во екипата на Вајперс Кристиансанд Маркета Јерабкова со 12 погодоци додека кај екипата на Мец најефикасна беше Бруна Де Паула со пет погодоци.
(фото-ЕХФ)📷