Македонскиот ракометар Кире Лазаров објави дека за него оваа е последна сезона во неговата играчка кариера и дека ја завршува кариерата.
Тој имаше обраќање пред медиумите во Франција, а тимот на Нант беше присутен на прес конференцијата и го испрати Кире Лазаров во пензија.
“Не сакав прерано да ви ја соопштам оваа одлука иако одамна знам дека ова е мојата последна сезона. Сакав да останам професионален и мотивиран, како и во текот на мојата кариера. Затоа што кога ги правиме работите со многу љубов како што правев јас, можеме да ги поместиме границите”, – изјави Кире Лазаров.
(фото-Рк Нант)📷