Македонскиот ракометар Жарко Пешевски на крајот од сезоната го напушта тимот на Штутгарт и се сели во редовите на Еурофарм Пелистер.
Жарко Пешевски им се заблагодари на навивачите и на клубот за трите изминати сезони во дресот на Штутгарт.
„Беше чест и задоволство да го носам дресот на Штутгарт три сезони и да бидам дел од семејството на клубот. Луѓето во клубот, соиграчите и навивачите секогаш ќе имаат место во моето срце. Ви посакувам успех на целиот тим“, вели Жарко Пешевкси.
(фото-Рк Штутгарт)📷