Кристијан Грчевски и наредната сезона ќе го води тимот на Бутел Скопје

Тренерот со кој Бутел Скопје стигна до најголемиот клупски успех во Супер лигата, Кристијан Грчевски, ќе остане на кормилото на клубот и во наредната сезона, откако договорот беше продолжен.

“По една успешна сезона, продолжувањето на соработката беше очекувано. Тука сум четири сезони, едноставно сум свој и не би сакал нешто да променам. Клубот секојдневно расте, растат и амбициите. Работиме по добар систем во кој младите се многу застапени во целиот процес, но и поискусните го даваат она што навистина му треба на еден тим – искуството. Целиот спој на младост, искуство, добар тренерски тандем и добра конекција со управата не красат како клуб. Нормално е секоја сезона некој да си оди, да дојде некој друг. Знаеме сите што ни се случи, но успеавме да ги пребродиме сите трагедии. Останувам уште една сезона, која ќе биде многу тешка, бидејќи сите екипи се засилуваат, квалитетни се, ќе биде тешка борба за плеј-оф и излез во Европа. Ќе пробаме да донесеме неколку засилувања, но ништо плус од она што навистина ни треба”, – изјави Грчевски.

Бутел Скопје досега ги продолжи договорите со кружните напаѓачи Владимир Јевтиќ и Стефан Стојчевиќ, а се засили со средниот бек Стефан Крстевски и десниот бек Филип Николов.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести