Денеска почна првото издание од турнирот “Марко Божиновски” кој е во организација на фондацијата “Марко Божиновски”. Се одиграа два натпревари на првиот ден од турнирот.
Тимот на Вардар славеше против Бутел Скопје со 37-22 во првиот натпревар, додека во вториот натпревар екипата на Голден Арт го совлада тимот на Еурофарм Пелистер со 29-23.
Утре ќе биде свеченото отворање на турнирот и ќе се одиграат четири натпревари од двете групи.
15 јуни
09:30 часот Рк Војводина – Рк Бутел Скопје
11:00 часот Рк Тинекс Пролет – Рк Вардар
16:45 часот официјално отворање
17:30 часот Рк Нексе Нашиице – Рк Еурофарм Пелистер
19:00 часот Рк Алкалоид – Рк Голден Арт
(фото-Рк Голден Арт)📷