На вториот ден од турнирот “Марко Божиновски” се одиграа четири натпревари на кои победи извојуваа екипите на Голден Арт, Тинекс Пролет, Војводина и Нексе Нашице.
Екипата на Војводина триумфираше убедливо против Бутел Скопје со конечни 30-20 во првиот натпревар од турнирот. На вториот натпревар Тинекс Пролет го совлада тимот на Вардар 1961 со 35-30.
Еурофарм Пелистер беше поразен од тимот на Нексе Нашице со убедливи 39-25. На последниот натпревар екипата на Голден Арт забележа победа против Алкалоид со резултат 31-23.
16 јуни
09:30 часот Рк Нексе Нашице – Рк Голден Арт
11:00 часот Рк Алкалоид – Рк Еурофарм Пелистер
17:30 часот Рк Војводина – Рк Вардар 1961
19:00 часот Рк Тинекс Пролет – Рк Бутел Скопје
(фото-Рк Голден Арт)📷