Екипата од Шпанија, Ваљадолид за новата сезона го потпиша бразилскиот бек Жозе Толедо.
Жозе Толедо кој има 28 години со тимот на Ваљадолид потпиша договор на една сезона. Толедо во Ваљадолид доаѓа од романскиот тим Баја Маре.
Толедо кој настапува на позицијата десен бек освен за Баја Маре настапуваше и за Вардар, Висла Плоцк и Гранољерс.
„Би сакал да му се заблагодарам на Атлетико Ваљадолид што ми дозволи да го правам она што најмногу ми се допаѓа и да продолжам со мојата кариера. Многу сум среќен во Ваљадолид со клубот и луѓето кои работат за него, со момците во тимот и тренерите”, – изјави Жозе Толедо.

(фото – Рк Ваљадолид)📷