Екипата на Киелце го совлада тимот на Веспрем во полуфиналето со 37-35 и ќе игра финале во Лигата на шампионите.
Во првото полувреме тимот на Веспрем го имаше водството и на пауза замина со предност од 18-16. Во второто полувреме екипата на Киелце успеа да направи пресврт и да го совлада тимот на Веспрем.
Најефикасен во екипата на Киелце беше Морито со седум погодоци, додека кај екипата на Веспрем најефикасен беше Штрлек исто така со седум гола.
(фото-ЕХФ)📷